ОН: Ќе има повеќе од 40.000 жртви од земјотресот во Турција и Сирија

од Nikola Popovski
146 прегледи

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија ќе надмине 40.000, изјави од Адана потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс.

-Многу е тешко да се даде точна проценка бидејќи урнатините допрва треба да се расчистат, но сигурен сум дека бројот на жртвите во најмала рака ќе биде удвоен, изјави Грифитс за ТВ Скај Њуз, пренесува Тас с.

Според последните податоци, во Турција досега се пронајдени 21.848 жртви од земјотресот, додека во Сирија е потврдена смртта на 3.553 лица.

Сирија многу потешко се справува со последиците од оваа трагедија поради повеќегодишната разорна граѓанска војна, додаде Грифитс и изјави дека бројот на Сиријци кои живеат во апсолутна сиромаштија постојано се зголемува и сега достигнува 90 отсто од населението.

Слични содржини