Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Агенцијата за регистрација одби да го регистрира македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград како спротивен на Уставот, бидејќи граѓанско здружение не може да се занимава со политичка активност. Ова го соопшти здружението, пренесе БТА.

Организацијата ги поднесе документите за основање на 7 февруари. „На 10 февруари добивме отфрлено решение, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забрането“, се вели во соопштението на клубот објавено до медиумите.

„Ова одбивање ќе го обжалиме пред суд“, соопштија и од здружението, а соопштението го потпишал Атанас Мазнев.

„Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – член 12, став 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности. Ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што ги испочитувавме, туку и во статутот дополнително напишавме дека нашето здружение нема за цел да врши политичка активност. Сепак, одбиено ни е да се регистрираме“, наведуваат од клубот.

„По разгледувањето на одлуката, констатацијата донесена во таа одлука дека статутот на здружението е некомпатибилен со националното законодавство, наоѓаме дека е политички мотивиран, а не законски“, додаваат од македонскиот клуб.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а пред неколку дена беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

Слични содржини