Уапсениот турски бизнисмен и градежник: Не сакав да бегам во Црна Гора, таму имам бизнис

од Nikola Popovski
208 прегледи

Уапсениот турски бизнисмен и градежник Мехмет Јашар Џошкун во изјава пред тамошниот јавен обвинител негирал дека планирал да побегне во Црна Гора за да ја избегне истрагата за нелегалната изградба на резиденција во Хатај, каде што стотици луѓе загинаа за време на неодамнешниот земјотрес. Џошкун нагласил дека планира да замине за Црна Гора поради работа.

Како што пренесува „t24.com.tr“, Џошкун предложил како градежна компанија да имаат бизнис и во Црна Гора и дека планира привремено да ја посети Црна Гора.

„Иако моето патување во Црна Гора беше однапред планирано, купив авионски билет на 8 февруари. Нема врска меѓу земјотресот и уривањето на резиденцијата во Хатај и моето одење во Црна Гора. Дефинитивно не се обидов да одам во Црна Гора за да ја избегнам истрагата. Отидов во Црна Гора поради мојата работа. Изградивме градежен објект согласно планот, проектот и законските прописи. Затоа, не ја прифаќам вината“, рекол Џошкун.

Бизнисменот беше уапсен пред два дена на аеродромот во Истанбул под сомнение дека незаконски изградил зграда која беше целосно уништена во неодамнешниот земјотрес.

На прашањето дали зградата во Будва е изградена во согласност со прописите, од компанијата која извршила ревизијата и стручниот надзор тврдат дека се почитувани сите правила на струката. Од општината денеска не се огласијле.

Турските медиуми јавуваат дека по уривањето на зградата во сопственост на Мехмет и неговиот брат Хусеин, против нив е покрената истрага, по што Мехмет се обидел да победи за Црна Гора, но бил уапсен на аеродромот.

Зградата што ја изградија во Турција имаше 13 ката и важела за една од најлуксузните во тој дел од земјата. Становите наводно чинеле и до три милиони лири, а кога се урнале, стотици луѓе загинале.

Синоќа турскиот потпретседател Фуат Октај кажа дека се издадени налози за апсење на 131 лице за кои се сомнева дека се одговорни за уривање на зградите.

Министерот за правосудство вети дека ќе ги казни сите одговорни, а обвинителите почнаа со истраги и собирање докази за материјалите користени во изградбата.

Слични содржини