Неверојатни снимки од урнатините: Средношколец бил затрупан 63 часа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
172 прегледи

Средношколецот Гуркан Озтурк, кој 63 часа по земјотресот беше спасен од под урната петкатница во турскиот град Хатај, со својот мобилен телефон ги снимил часовите што ги минал под урнатините, јавува Anadolu Agency. Озтурк (19) во моментот на земјотресот, на 6 февруари, бил во домот на својот дедо во Антакија, каде што заминал да учи. Поради силен земјотрес зградата се урнала. Куќата на неговите родители, каде што биле неговиот татко, мајка и брат, не е оштетена.

Озтурк ги снимил моментите поминати во малиот простор кој му овозможил да преживее со својот мобилен телефон.

Првите зборови во видеото на кое се гледаат само неговата рака и рака во тесен простор покриен со урнатини се: „Ме фати земјотрес. Господе на помош, се надевам дека сите се добро. Не сакам да умрам млад“.

Во моментите кога ги почувствувал последователните потреси под урнатините, Озтурк рекол: „Пријатели, поминаа скоро 40 минути внатре, мислам дека успеав да направам празнина каде што ми се стапалата, ископав со врвот на раката и ја пополнив празнината со камења за да не се урне. Чувствувам ладен воздух одоздола, мислам дека направив дупка низ која можам да добијам кислород. Ајде да видиме дали ќе го преживееме овој земјотрес? Ако го преживеам овој земјотрес, мислам дека подобро ќе ги ценам работите во животот. Има уште многу луѓе кои ги сакам. Многу ве сакам сите, особено мајка ми, татко ми и браќата. Не плашете се, се надевам дека не сте тажни. Не знам што се случува надвор, но се надевам дека нема да има големи проблеми. Веројатно беше нешто со само неколку стари згради“.

Комуницирал со својот татко удирајќи со камен во ѕидот

На видеата се гледа како младиот човек со камења удира во ѕидот и челикот за да го слушнат спасувачките екипи. Голема радост дошла кога го слушнал гласот на својот татко Ертугрул Озтурк, пренесува Index.hr.

Озтурк, кој дава информации за неговата здравствена состојба и околината во која се наоѓа удирајќи со камења во ѕидот еднаш или двапати со помош на татко му, со овој начин на комуникација значително им ја олеснил работата на спасувачките тимови и тој бил спасен по 63 часа.

Друго видео снимено за време на разговорот на Озтурк со болничарите во амбулантно возило, исто така стана вирално на социјалните мрежи. Откако бил извлечен од под урнатините, Озтурк им рекол на итната помош дека неговите книги се оставени под урнатините. Озтурк моментално престојува во домот на својот вујко во Адана.

Слични содржини