Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети дека ЕУ ќе ја зголеми помошта за Турција по разорниот земјотрес од минатиот понеделник.
Фон дер Лајен во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Европската комисија ќе испрати дополнителна помош и ќе одговори на последното барање на Турција за поголем капацитет за засолништа, особено шатори, ќебиња и греалки, соопшти ЕУ.
Претседателот на ЕК го пренесе „најдлабокото сочувство на Европската унија за катастрофалната загуба на животи и уништување предизвикани од неодамнешниот земјотрес“, пренесува Си-Ен-Ен.