Ова се хороскопските знаци кои често се заљубуваат во пријател затоа што покрај пријателот можат да бидат такви какви што се.
Кога некој ќе нè запознае во душата, лесно развиваме опуштање и разбирање со него. Блиската врска меѓу најдобрите пријатели може да прерасне во нешто повеќе.
Рак
Раковите се лојални и нивните пријателства траат вечно. Тие ретко се караат со своите пријатели и се подготвени да направат се за нив.
Бидејќи поминуваат многу време со својот најдобар пријател, често стануваат толку блиски што се заљубуваат, особено ако споделуваат слични вредности и визии за бракот и семејството.
Вага
Вагите се секогаш подготвени за забава и веселба. Уживаат во дружењето и сакаат да излегуваат. Тие прават се со нивниот најдобар пријател и имаат многу спомени заедно.
Разговараат за се, патуваат заедно, излегуваат и гледаат филмови, па прашање на време е кога Вагата ќе реши да се смири со личноста со која веќе одлично се забавува.
Стрелец
Стрелците сакаат некој кој може да ги прифати такви какви што се. Не им е лесно да побараат помош, но пред пријател ја симнуваат маската и стануваат ранливи.
Тие му кажуваат сè и никој друг не знае како да се справи со нивните подеми и падови. Бракот може да биде малку страшен за слободоумните Стрелци, но доколку влезат во него со личноста која им е најдобар пријател, стресот ќе биде многу помал.
Водолија
Пријателството е една од најважните работи за Водолиите. Тие се отвораат само за неколкуте најблиски луѓе на кои можат да им веруваат и да ги покажат своите вистински бои.
Ним им треба партнер кој може да биде во чекор со нив и да ги прифати такви какви што се. Поради тоа често се заљубуваат во својот најдобар пријател, личност која длабоко ги познава и со која се на иста бранова должина.