Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров смета дека после уставните измени, следната пречка во односите со Бугарија ќе биде околу одлуките на Мешовитата историска комисија, која што е врзана за европскиот процес.
-Доколку не направиме нешто да ги изместиме овие работи, постојано ќе имаме политичка криза и агонија и наместо да се фокусираме на реформи, ќе се занимаваме со Бугарија. Ова прашање многу штети на вистинското пријателство меѓу нас и на самата Бугарија бидејќи ова е дефокус од вистинските проблеми на нашиот сосед. Ние не сме проблемот, не бараме нешто од нив. Ние сакаме аман оставете на раат, 21 век е. Нашата вина е дека постоиме. Кои остри тонови и националисти од двете страни? Ние не викаме дека бугарскиот јазик е вештачки. Ние сме во дефанзива тука. Затоа нема услови и нема компромис, нашата основна грижа не е затворена, рече Димитрово во емисијата „Студио 10“.