Премиерот Димитар Ковачевски очекува реконструкцијата на Влада да помине со над 64 пратенички гласа во Собранието. Според него, владиното мнозинство е силно и стабилно.
-Како и што кажав вчера, очекувам реконструкцијата да помине со над 64 гласови. Реконструкцијата што ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку од тоа државата да има стабилно мнозинство, да може да ги носи економските закони и правосудните реформи во сите значајни области и притоа да не биде блокирано од опозицијата, оти тоа е единственото што го прави опозицијата во изминатите две години. Сметам дека сите владини партнери се за такво ефикасно работење на Собранието, а со влезот на Алијанса за Албанците ќе се зајакне мнозинството и многу поефикасно ќе се носат законите кои што значат реформи и унапредување на државата и животниот стандард на граѓаните, истакна Ковачевски пред медиумите, одговарајќи на новинарски прашања.