14 професори добиле заканувачки пораки за бомба во училиште

од Nikola Popovski
96 прегледи

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје, информираат од МВР. Сепак за разлика од претходните закани, ново е што заканувачките пораки стигнале на мејлови на професори.

-На 14.02.2023 во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

Од 26-ти октомври минатата година, анонимните пораки за поставени бомби најпрвин почнаа да стигнуваат до основните и средните училишта речиси секој ден во работните денови, а потоа мета станаа и трговските и деловните центри, државните институции, спортските објекти и гимназиите.

Сите досегашни пораки на електронските адреси беа утврдени како лажни.

Слични содржини