Речиси девет милиони луѓе во Сирија беа погодени од минатонеделниот разорен земјотрес во Турција и Сирија, соопштија денеска Обединетите нации.
ОН побараа да се соберат 400 милиони долари помош за Сирија, објави „Ројтерс“.
„На хуманитарните агенции ќе им требаат 397,6 милиони долари за да одговорат на најитните хуманитарни потреби во следните три месеци“, стои во соопштението на ОН.