Неопислива тага: Од урнатините се извлечени телата на четворица млади одбојкари

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија продолжува да расте од час во час, а спасувачките тимови се обидуваат да спасат што е можно повеќе луѓе.

За жал, млади животи згаснаа. Под урнатините се пронајдени четворица одбојкарки Гозде Озтурк, Ахсен Баш, Дилек Мучук и Ирем Куртоглу.

„Со длабока тага дознавме дека во земјотресот загинаа спортистите од одбојкарскиот тим Расус Кимија Хатаи, Гозде Озтурк, Дилек Мучук, Ахсен Баш и Ирем Куртоглу. Господ да ги помилува нашите спортисти и сите наши граѓани кои ги загубија животите. Нашето сочувство до нивните семејства и нашата нација, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението.

Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините, а сега официјално е потврдено дека повеќе од 41.000 луѓе ги загубиле животите. Никогаш во историјата на Турција не се случила ваква катастрофа.

Слични содржини