Koлева: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на мерката за субвенциониран студентски оброк

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Во реплика на денешната седница пратеничката Даниела Колева посочи дека за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните беа расипнички трошени, кога граѓаните беа задолжени и осиромашени, СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата презема конкретни чекори за унапредување на стандардот на сите категории граѓани.

„Во изминативе години воведовме многу нови мерки, кои за вас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се важни и не ги поддржувате. Така е со субвенционираниот студентски оброк за 30.000 студенти, како што е со недела неработен ден. Воведовме Мој ДДВ каде парите ги враќаме директно кај граѓаните, имаме 720 образовани асистенти за кои воопшто не ви беше грижа“, порача Колева.

Колева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави над 100 руинирани училишта, а сега секоја година се реконструираат по 110 училишта и дека се обезбедени 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта.

Слични содржини