139
Турската полиција денеска соопшти дека уапсила 78 лица обвинети за создавање страв и паника со споделување на „провокативни објави“ за земјотреси на социјалните мрежи, како и дека 20 од нив се во истражен затвор.
Генералниот директорат за безбедност на Турција објави дека се идентификувани 613 лица обвинети за правење провокативни натписи, 193 од нив се кривично гонети, а главниот обвинител наредил апсење на 78 од нив, пренесе „Ројтерс“.
Од Дирекцијата додаваат дека 46 веб-страници биле затворени поради т.н „фишинг-измама“ наменета за кражба на донации за жртвите од земјотресот и дека биле затворени 15 сметки на социјалните мрежи кои имитираат официјални институции.