Украина започнува заедничко производство на оружје со земја членка на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
132 прегледи

Украинската фабрика за специјални производи „Укроборонпром“ денеска соопшти дека започнала заедничко производство на артилериски гранати и друго оружје и воена опрема со земја членка на НАТО од централна Европа.

Од „Укроборонпром“ не сакаа да прецизираат за која земја се работи, но беше потврдено дека започнало производството на минофрлачки гранати од 120 милиметри, кои во голем број се користат за борба со руските сили, пренесува „Ројтерс“.

„Наскоро ќе ви покажеме и други оружја произведени во соработка со земјите партнери“, рече на брифинг со новинарите портпаролката на „Укроборонпром“, Наталија Сад, додавајќи дека станува збор за продолжување на интеграцијата на Украина во синџирите за соработка на производството на Северноатлантската алијанса.

Слични содржини