Cadillac објави: Доаѓаат три електрични автомобили

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Потпретседателот на Cadillac, Рон Харви, за американските медиуми потврди дека оваа марка ќе претстави три нови електрични возила во 2023 година.

Иако ќе бидат прикажани во текот на 2023 година, овие нови модели ќе влезат во производство во 2024 година, пишува Autoblog.

Харви истакна дека некои од овие модели ќе се произведуваат и продаваат на повеќе пазари, што ќе доведе до лансирање на производство во различни периоди. Иако Харви не сакаше да коментира за кои точно модели станува збор, треба да се запомни дека Cadillac постави патна карта за својата електрична иднина во 2020 година. Таа мапа вклучуваше кросовер со големина на XT4, EV налик на Escalade и SUV со три реда седишта.

Во 2019 година, Cadillac одлучи постепено да ја укине структурата на алфанумеричкото именување и повторно да им ги даде на моделите нивните вистински имиња. Lyriq и Celestiq ја започнаа таа транзиција.

Cadillac оттогаш ги има заштитено имињата Ascendiq, Optiq, Symboliq, Vistiq, Lumistiq и Escalade IQL, што укажува на потенцијални имиња за нови електрични возила.

Слични содржини