Шпанија стана првата земја во Европа која со закон го дозволува менструалното отсуство

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Шпанската влада усвои закон со кој им дозволува на жените со особено болни менструации да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што го стори тоа.

Како што јави „Еуроњуз“, законот што денеска го усвои парламентот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, кој го вклучува фактот дека секој на возраст од 16 години и повеќе може да абортира или да го промени полот на документот за идентификација.

Овој закон овозможува право на три дена менструално отсуство – со можност за продолжување на пет дена – за оние жени кои имаат проблематичен циклус, кој може да предизвика силни грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање.

За да се добие отсуство од работа, потребен е извештај од лекар.

Во текстот на законот се наведува дека новата политика ќе помогне во борбата против стереотипите и митовите кои сè уште го опкружуваат менструалниот циклус и влијаат на животот на жените.

Слични содржини