Актерот Ричард Белзер почина на 79-годишна возраст.
Популарниот актер кариерата ја започна како комичар, а се прослави по улогата на детективот Џон Мунк во сериите „Homicide: Life on the Street“ и „Law & Order: SVU“.
Причината за смртта се уште не е објавена, пишува „Форбс“.
Многу колеги и пријатели се простија од популарниот актер.
Белзер е роден на 4 август 1944 година во Конектикат, а својата актерска кариера ја започна како стенд-ап комичар, пред се во њујоршките клубови.
Откако одигра неколку помали улоги во филмови, вклучувајќи го и „Scarface“ од 1983 година, Рочард глумеше и во ТВ серии.
Пресврт во неговата кариера беше моментот кога во 1993 година ја доби улогата на детективот Џон Мунк во серијата „Homicide: Life on the Street“, а оваа изведба го прослави.
Истата улога ја играше и во серијата „Law & Order: SVU“, која се прикажуваше во продолженија до 2013 година.