„Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но и во единиците на локалната самоуправа покажува дека оваа партија нема никаков план и не знае каде тера со своето однесување“, велат од СДСМ.
Оттаму велат „се што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават, прават за да не заостанат зад Левица и Димитар Апасиев чии што заложници се“.
„Наместо решенија, мерки и политики за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се натпреварува со Левица кој ќе биде поголем кочничар на европскиот пат“, велат од СДСМ и додаваат во соопштението, „блокади, деструкции во Собранието, расипничко трошење на народните пари и поскапи услуги за граѓаните во општините што ги предводат – тоа е се што може и знае да понуди ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски“.