Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Нивес Тигањ.
На средбата се разговараше за состојбите во земјата и регионот, промените во владата и уставните измени како и за патот на евроинтеграциите.
Билатералните односи меѓу двете земји се одлични. Северна Македонија и Хрватска имаат добри односи на сите полиња и Хрватска беше земја поддржувач на патот кон НАТО, но и кон Европската Унија, пат што земјата треба да го забрза со приклучување кон Европскиот фронт.
Груби рече дека во реформскиот процес кај нас честопати се земени предвид позитивните примери и реформи во Хрватска, кои се покажале како успешни и се воспоставени многу соработки со Хрватска.
Амбасадорката Тигањ ја истакна целосната поддршка за уставните измени и вклучувањето на хрватската заедница во Уставот, како и за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.
Груби го претстави владиниот план за европскиот фронт и уставните измени и побара поддршка од Хрватска, но и од другите земји од Европската Унија и Соединетите Американски Држави за реализацијата на интеграциските цели.