Дејвид Гета ужива во љубовта со 24 години помладата девојка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најуспешните диџеи на денешницата, Дејвид Гета (55) и Џесика Ледон (31) неодамна поминаа сончев ден заедно на песочна плажа во Мајами, што ги поттикна гласините дека можеби ѝ дале втора шанса на својата врска, а можеби и никогаш не ни раскинале.

Странските медиуми пишуваа дека после седум години љубов дошло до крај на врската поради пренатрупани распореди, но парот никогаш не го потврди тоа.

Судејќи по се, се чини дека нивната врска никогаш не била ни доведена во прашање – сега се шетале држејќи се за рака, а љубовта не ја криеле додека се гушкале и бакнувале на лежалките.

Инаку, Џесика беше цел на критики кога излегуваше со 24 години постариот Французин бидејќи многумина мислеа дека таа е причината за распадот на дводеценискиот брак со неговата прва сопруга Кети Лоби.

Слични содржини