Европските земји значително ја намалија потрошувачката на гас

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Европските земји ја намалија потрошувачката на гас во периодот од август минатата година до јануари годинава, што е резултат на помалата потрошувачка во домаќинствата поради невообичаено топлото време, високите трошоци за индустријата што предизвикаа помало производство и примената на државните мерки, пренесe Ројтерс.

Вкупната потрошувачка на гас во рамките на Европската унија е намалена за 19,3 отсто од август во однос на петгодишниот просек во истиот период, објави Европската статистичка агенција (Евростат).

Русија, претходно главен снабдувач, драстично го намали снабдувањето со гас за европските земји во месеците по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, што предизвика верижна реакција на рекордно високи цени на гасот на европскиот пазар.

Помалата потрошувачка им помогна на земјите од ЕУ, па залихите се невообичаено полни пред крајот на зимата.

Ројтерс потсетува дека европските цени на бензинот паѓаат од декември, но и понатаму се повисоки од претходните години.

Слични содржини