Турција забрани отпуштања во 10 градови по земјотресот

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Турција денес започна шема за привремена поддршка на платите и забрани отпуштања во 10 градови за да ги заштити работниците и бизнисите од финансиските последици од разорните земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на овој месец.

Според турскиот службен весник, работодавците чии работни места се сериозно или умерено оштетени ќе имаат корист од оваа помош за делумно покривање на платите на вработените чие работно време е намалено, пренесува Ројтерс.

Забрана за отпуштања беше воведена и во 10 провинции погодени од земјотресот, каде што е на сила вонредна состојба.

Слични содржини