ВМРО-ДПМНЕ: Ја има ли Европа во програмата на министерството за култура за 2023?

од Stefanija Kuzmanovska

Цели 9000 евра министерството за култура ќе одвои во Програмата за 2023 година во дејноста на европските интеграции во културата, поддржувајќи само 5 национални установи со вкупно 8 проекти. Ако кон оваа „раскошна сума“ за поддршка на македонските институционални евроинтегративни процеси додадеме уште 5 поддржани проекти од меѓународната културна дејност, севкупните македонски евроинтегративни заложби за цела година би чинеле колку половина од буџетот на еден дводневен фестивал за кој никој не слушнал или колку буџетот на еден викенд проект на некои од бројните фантомски здруженија од културата, се наведува во објавата на Фејсбук на Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ.

„Меѓународната културна дејност, која е најважната слика за една држава во светот, во Годишната програмата за 2023 година ќе има 50 % помалку буџет од минатата година, ако од оваа буџетска сума ги исклучиме македонските културно-информативни центри кои ќе останат на нивото од своите стандардни буџети, но и на нивото на своите исто така скромни стандардни програми! Со овие прескромни средства Министерството за култура треба да ја креира најдобрата и најпосакуваната слика за Македонија, но каде?! Најмалку таму каде што најмногу треба, а тоа се европските центри на политичка, економска, но и културна моќ“, стои во дел од објавата.

Слични содржини