Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во врска со бројните критики и обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон АА, истакна дека со оваа антиалбанска реторика ВМРО само си наштетува себе си, бидејќи по следните избори нема да може да си најде албански партнер за соработка.
„Со овој речник што го користат ВМРО и Левица, со овој антиалбански вокабулар во секое претставување дека сè што пречи се Албанците, претставува општа атмосфера во државата како да се Албанците тие што ја кочат државата, тие сакаат да го сменат Уставот под секој услов, прават се за да направат дека како Македонците да не постојат или дека се против Македонците. Ова веднаш ќе ја создаде нивната спротивноста. Затоа велам дека ќе има огромен пресврт. Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние ќе останеме со бугарското вето, економската криза, бегството на младите и фрустрациите што ќе се создатат на населението воопшто. Потоа, секоја криза носи нови несогласувања кои потоа можат целосно да го збунат функционирањето на државата“, изјави првиот човек на АА, Арбен Таравари во емисијата „Аргумент“ на ТВМ2.
Зборувајќи понатаму за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари рече дека „крилото контролирано од Русија сака да ме претстави како радикален и корумпиран“.