Членките на ЕУ не постигнaa консензус за новиот пакет санкции против Русија – Полјаците блокираат

од Vladimir Zorba
107 прегледи

ЗЕМЈИТЕ од Европската унија денеска не успеаја да се договорат за нов пакет санкции против Русија што ги планираа за првата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, објави денеска Ројтерс.

Агенцијата наведува дека е неопходно 27-те земји-членки на ЕУ едногласно да се договорат за воведување санкции.

Цитирајќи неименуван извор, Ројтерс објави дека Полска го блокира пакетот поради предложените исклучоци од забраната за увоз на руска синтетичка гума во ЕУ, а полските дипломати, наводно, рекле дека исклучоците се толку големи што ќе ги направат санкциите неефикасни.

Претставниците на земјите-членки треба повторно да се сретнат во петок, денот кога Русија ја нападна Украина минатата година, за да се обидат да склучат договор за санкции.

Слични содржини