215
Кога ќе не исклучат од партија, тогаш ќе одлучиме дали ќе си одиме дома или ќе се бориме до крај, политички, изјави потпретседателот на ДУИ и предводник на „огнените“, Изет Меџити.
Прашан дали е можно да формираат нова партија, Меџити во гостувањето во емисијата „24 анализа“, рече дека заложбата на „огнената група“ е да го врати ДУИ на правиот пат.
„Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме“, рече Меџити.
Тој посочи дека тие не се против Ахмети, туку против неговата одлука Артан Груби да биде прв вицепремиер.
Порача дека комуникација со Ахмети има, но дека не се разбираат, како и дека последните митинзи на ДУИ се знак дека не е на добар пат.