Петровска: Му се поклонувам на украинскиот народ, ова е година на херојство

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Му се поклонувам на украинскиот народ, кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска, на денешната конференција „Украина – Година на хероизмот“.

„Одбележуваме 365 дена отпор, пркос, храброст, искреност да се одбрани сопствената територија.

Ова е година на херојство,но и година на единство и сојузништво на европскиот континент. Нашето единство е нашата најголема сила. Ние сме пообединети и порешителни од било кога.

Нашата помош и поддршка ќе ги има се додека Украина и украинскиот народ не го остварат своето право слободно да се движат и живеат на сопствената територија“, наведе Петровска.

Слични содржини