Саливан: Ако Кина започне да пружа вооружена помош за Русија, тоа ќе ја чини

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Кина не започнала да обезбедува вооружена помош за Русија во нејзиниот напад врз Украина, а САД јасно ставија до знаење зад затворени врати дека, доколку тоа се случи, таквиот потег ќе има сериозни последици, изјави денеска советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан.

„Пекинг ќе мора сам да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако тргне по тој пат, тоа ќе ја чини Кина“, рече Саливан во интервју за Си-Ен-Ен.

„Кина нема почнато да ја пружа таа помош, но Пекинг не ја тргна таа опција од масата“, рече Саливан во посебно интервју за Еј-Би-Си.

Слични содржини