Бројот на мигранти кои загинаа во бродоломот во Италија се искачи на 58

од Stefanija Kuzmanovska
138 прегледи

Најмалку 58 лица загинаа, меѓу кои и деца, кога рано утринава брод со мигранти удрил во карпи во близина на јужниот италијански брег, соопштија официјални лица.

Пловилото испловило од Измир, Турција пред неколку дена со мигранти од Авганистан, Иран и неколку други земји и доживеало бродолом во близина на источниот брег на Калабрија, објави „Ројтерс“.

За сега, бројот на загинати е 58 лица, изјави за британската агенција Мануела Кура, претставник на покраинската влада.

Според неа, преживеале 81 лице, од кои 20 се хоспитализирани, а едно лице е на интензивна нега.

Слични содржини