Пејачот Сем Смит неодамна откри дека секојдневно се соочува со многу лоши коментари и навреди, па дури и доживува физички пресметки.
Имено, причината за сето ова е што повеќето луѓе не можат да ја прифатат неговата изјава дека е родово неутрална личност.
Овој пат, жена вербално го нападнала надвор од зоолошката градина врескајќи дека припаѓа во пеколот и дека е луд и злобен, што било снимено на камера.
This is how weirdos like Sam Smith should be treated. pic.twitter.com/O9xwWefjVq
— Stew Peters (@realstewpeters) February 16, 2023
„Ти си болен гад, ќе гориш во пеколот“, извика непозната жена пред зоолошката градина.
Пејачот не обрнуваше внимание на нејзините навреди, туку помина покрај жената без да каже збор, а видеото заврши на мрежите и изненадувачки наиде на поддршка кај одредени корисници на Твитер.