Мицкоски побара извинување од медиумите кои објавија дека има скриен имот од милион евра

од Nikola Popovski
123 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера побара од дел од медиумите, како што наведе блиски до СДСМ и ДУИ, да се извинат поради тоа што објавиле дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра.

-ДУИ нареди, а СДСМ исполни. Кога не можат поинаку, одлучија со брутални невистини повторно да ја нападнат мојата чест, честа на моето семејство, но и честа на семејството на мојата сестра. Семејниот дом на семејството на мојот зет, сестра и внука, создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит да го претстават како мој скриен имот. Ниту сум купил, ниту поседувам скриен имот.

Денес е прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес, се огласи Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека вицепремиерот Артан Груби преку порталот„Индекс.мк“ се пресметува со своите неистомисленици, а истиот порано бил и во негова сопственост.

-Дури и малите пилиња знаат дека е под негова контрола. Овој парамедиум на почетокот беше регистриран на име Артан Груби и е прв сопственик на сајтот, а тоа лесно може секој да го провери. На тој начин Артан Груби сака да го покрие скандалот во кој неговиот брат се стекна со деловен простор, по 5 пати пониска цена од реалната, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини