ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизел горивото поевтинуваат за денар, ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,50 денари за литар, 83,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).

Со одлуката на РКЕ, за 1,5 денари се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и литар ќе чини 75 денари, а за 0,064 денари поскапува мазутот М-1 НС и килограм ќе се продава за 41,266 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти во однос на одлуката од 24. месецов.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256 проценти, кај дизелот за 3,133 проценти, кај екстра лесното масло за 3,205 проценти и кај мазутот зголемување за 0,011 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157 проценти, наведува РКЕ во образложението за новата цена.

Слични содржини