199
Генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, за ТВ21 изјави дека ставот за Заедницата на албанските општини е негов личен, и дека не е на органите на партијата.
„За поддршката на претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Заедницата на албански општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партијата за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања“, наведе Ибрахими.