229
Денеска во Охридскиот суд започнува судењето за предметот околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.
Обвинет е 24-годишниот македонски државјанин Илија Спасески кој пред судот ќе одговара дека со раце и нозе по главата и телото го тепал Пендиков.
23-годишниот Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари годинава. Според обвинителството, делото е извршено од омраза.
Пред неколку дена беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти земјава.