Битиќи-Џентилони: Северна Македонија со помош на ЕУ конечно се ослободи од 100% зависност со гас од Газпром

од Nikola Popovski
198 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина-  Паоло Џентилони.

Битиќи оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година.

Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија.

Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Северна Македонија.

Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува.

Вицепремиерот Битиќи информира дека Северна Македонија со помош на ЕУ,  во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Северна Македонија.

Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023.

Слични содржини