Дрон трага по исчезнатите по несреќата во Грција: Се стравува дека бројот на загинати ќе расте (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

На снимката која ја објавија грчките медиуми може да се види како кран со внимателни движења почнал да ги отстранува остатоците од вагоните, додека дрон од воздух ги бара исчезнатите по страшниот судар во Грција.

Во тек е голема операција за пребарување и спасување на патниците кои биле во возот.

Во потрагата учествуваат и кучиња трагачи.

Најмалку 32 лица загинаа синоќа кога патнички и товарен воз се судрија кај Темпи кај Лариса во Грција.

Се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите, а утрото по катастрофалната несреќа, сцените се страшни.

Грчките медиуми јавуваат дека во возот има повеќе заробени патници, поради што се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите.

Голем број повредени се пренесени во болницата во Лариса, а повеќето загинати се студенти, пишува „Телеграф.рс“.

Слични содржини