Над десетина граѓани вечерва се собраа на плоштадот пред железничката станица во Лариса во знак на протест поради железничката несреќа во која загинаа најмалку 43 лица.
Со транспаренти во рацете запалија свеќи во спомен на сите жртви од страшната несреќа, пишува Прототема.
Во меѓувреме на улиците на Атина избувнаа немири. Голем број демонстранти излегоа на улиците гневни на Владата што ја приватизираше железничката компанија „Hellenic Train“, која во моментов работи со патнички и товарни возови.
Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите со солзавец.
Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.
Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да поминат цел километар по ист колосек.
Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.