Две лица загинаа во руски ракетен напад врз Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
107 прегледи

Две лица загинаа рано утринава во руски ракетен напад врз станбена зграда во Запорожје, изјави секретарот на градскиот совет на тој украински град, Анатолиј Куртев.

Жителите се евакуираат, а потрагата по луѓе под урнатините продолжува, напиша Куртев на каналот Телеграм.

Тој вели дека петкатницата била речиси уништена во нападот, пренесува „Интерфакс Украина“.

Слични содржини