Заложничка криза: Се појавија ВИДЕА од рускиот волонтерски корпус, испратија порака до Русите

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Русија објави дека Украинците ја нападнале нејзината територија и заробиле луѓе во едно село. Меѓутоа, набрзо рускиот волонтерски корпус објави видеа во кои тврдат дека тие се виновниците и дека се на страната на Украинците.

Според гувернерот Олександар Богомаз, во четвртокот, украински диверзанти влегле во регионот Брјанск и оштетиле неколку станбени згради со минофрлачи и беспилотни летала, пишува RT.

Наводно, било пукано во автомобил, рането е десетгодишно дете, а убиен е локален жител.

„Прелиминарните информации укажуваат дека неколку лица се заробени во продавница во селото Љубечане“, изјавил изворот за рускиот портал РИА Новости.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат наводни војници како стојат пред медицинска установа во Љубечан, во областа Брјанск. Тие тврдат дека се членови на рускиот волонтерски корпус кој се бори на украинската страна. Сепак, се уште не е потврдено дали тоа е вистина.

Објавена е уште една снимка од група наводни борци на „Рускиот волонтерски корпус“, на која се гледаат двајца од нив како стојат до руско поштенско сандаче, наводно во областа Брјанск. Во позадина се слушаат пукотници.

Во видеото велат дека не убиваат невооружени и цивили и дека е време Русите да сфатат дека не се робови.

„Наместо војската на Путин да се состои од убијци и силувачи, дојдовме овде да ве ослободиме. Ве повикуваме да се борите против Путин и крвавиот режим на Кремљ“, велат тие.

Службата за безбедност на Русија (ФСБ) потврди дека „се преземаат мерки за уништување на вооружени украински националисти кои ја преминале државната граница“ во областа Климовск во областа Брјанск.

Акцијата се спроведува во соработка со министерството за одбрана, велат оттаму.

Како што пишува Тасс, нападнати се две руски села Љубечане и Сушани, а заробени се најмалку шест цивили.

Гувернерот на Курската област Роман Старовоит објави дека е нападнато и селото Теткино, кое се наоѓа на руско-украинската граница.

Советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михајло Подољак, реагираше на обвинувањата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија и убила неколку лица.

„Приказната за украинската диверзантска група во Русија е класична намерна провокација. Русија сака да го исплаши сопствениот народ за да го оправда нападот на друга земја и зголемувањето на сиромаштијата по една година војна. Партизанското движење во Русија станува се посилно и поагресивно. Плашете се од вашите партизани…“, напиша Подољак.

Слични содржини