Курти: Сакав да го потпишам европскиот план, Вучиќ категорично одби

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека на состанокот во Брисел во понеделникот бил подготвен да го потпише европскиот план, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ категорично го одбил тоа, што, како што тврди, покажува дека договорот не е штетен за Косово.

Тој на парламентарната седница во Приштина рече дека двете страни се согласиле со ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека за планот повеќе нема да се разговара, но додаде дека тоа не значи дека партиите официјално го прифатиле договорот.

„Прифаќањето се подразбира само со потписот на двете страни. Одбивањето на Србија да го потпише е показател дека тие не се согласуваат со содржината, дека не се подготвени за договор“, рече Курти, а пренесуваат приштинските медиуми.

Слични содржини