Граѓаните бараат да се казни сексуалниот вознемирувач од Прилеп, а не да се штити од политичка партија

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Прилепското обвинителство започна да работи по пријавата за сексуално вознемирување врз 15-годишна ученичка со посебни потреби од страна на хигиеничар во училиштето кое го посетува.

-Започнавме со прибирање потребни известувања, а денеска имавме и распит, меѓу кои и на ученичката, а испрашани се директорката и социјален работник во училиштето. Поднесовме наредба до полицијата да ги прибави видеозаписите од училиштето. Психолог ќе вештачи за душевната состојба на ученичката за на крајот да решиме дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење, изјави за МИА телефонски јавниот обвинител Маријана Илиеска.

Настанот наводно се случил на осми февруари, па оттаму е нејасно зошто толку долг период беше потребен за надлежните да бидат информирани и да започнат да постапуваат. Хигиеничарот и ученичката одат во иста смена на училиште, снимките од камерите не се прегледани, а ниту осомничениот ниту девојчето не беа досега викнати во полициска станица, претходно објави телевизија „Клан“. Инаку, на 14 февруари годинава, вработена во училиштето пријавила дека малолетничката ја информирала дека била допирана по телото од вработен во училиштето.

– На 14 февруари во 10,40 часот во полициската станица во Прилеп од вработена во средно училиште било пријавено дека малолетна ученичка кај неа пријавила дека била допирана по телото од вработен од училиштето. Полициските службеници презеле мерки и активности и за случајот е известен јавен обвинител, информираат од СВР Битола.

Директорката на училиштето истакна дека ученичката била дете во ризик.

„Ги презедов сите потребни активности, беше направен разговор со родителите на ученичката, стручна служба, вработениот во училиштето. Поради тоа што добив различни изјави, настанот веднаш го пријавив во Центарот за социјални работи и во МВР. Ова дете е дете во ризик и затоа побарав од Центарот за социјална работа да се преземат нивни понатамошни активности“, истакна Тереза Златеска, директорка на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.

Сепак, ваквата изјава на директорката следува три недели откако наводно е извршено делото. Хигиеничарот во училиштето демантира дека тој е извршител на вакво дело. Тој не е експониран во јавноста, а на неговиот фејсбук профил изобилуваат фотографии од партиски активности во ВМРО-ДПМНЕ, а на дел од нив е и со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Граѓаните бараат во расчистувањето на случајот воопшто да не влијае партиската припадност, особено што и новата директорка на училиштето е назначена од актуелниот градоначалник на Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку ова не е прв случај на злоставување малолетници во Прилеп. За потсетување лани тренер по џудо доби 20 години казна затвор поради полови дејствија кои ги извршил врз 4 малолетни девојчиња, ученички на кои им бил тренер. За овој скандал се уште се зборува низ прилепската чаршија.

За случајот јавноста дозна кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата.

Слични содржини