Уставните измени не се туркаат, туку се гласаат во Собрание, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
179 прегледи

Од истражувањето треба да извлечеме повеќе заклучоци. Прво дека граѓаните сметаат дека ЕУ е наш најдобар партнер и треба да продолжи да биде тоа, што и де факто е. Исто така ЕУ треба да знае дека нашите граѓани како и Владата, го чува своето достоинство и треба да им укаже на сите свои земји-членки дека треба да се почитува дигнитетот на македонските граѓани и да го осудуваат секое негирање на македонскиот народ и општество, вели премиерот Димитар Ковачевски за резултатите од неодамнешното истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Околу уставните измени, премиерот порача дека тие не се туркаат, туку се гласаат во Собранието.

-Тоа е само една од одлуките за кои што е потребно 2/3 мнозинство. Со него ќе треба и измени во обвинителската сфера, судската сфера, во децентрализацијата, реформите на администрацијата и затоа треба широк национален и општествен консензус. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во европски стандард, но тука во Македонија. Не одат учениците од училиштата во странство, одат нивните родители бидејќи сакаат да живеат во земја-членка на ЕУ. Сетете се каде беа Чешка, Полска, Унгарија, Бугарија пред да влезат во ЕУ, а каде бевме ние кога бевме дел од Југославија? Ако споредиме денес, тоа што тие денес го имаат е единствено заради членството во ЕУ. Тоа го сакаат нашите граѓани и Парламентот има обврска, истакна Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини