„Fox News“ воведе „мека забрана“ за Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, иако е еден од кандидатите на Републиканската партија за претседателска номинација на таа партија, не се појавува многу на американскиот Fox News, пишува лондонски „Гардијан“ и наведува дека каналот наметнал „мека забрана“ за него.

Последен пат Трамп гостуваше на таа телевизија во септември 2022 година, а како што пишува „Гардијан“, повикувајќи се на новинскиот стартап „Семафор“, заладувањето на односите меѓу поранешниот претседател и неговиот некогаш омилен кабелски канал за вести стигнал толку далеку, што во сила е „мека забрана“.

Во меѓувреме, ривалите на Трамп за републиканската претседателска номинација во 2024 година се чести гости на Fox, при што Ники Хејли се појави седум пати од минатиот месец, а дури и помалку познатиот десничарски активист и претприемач Вивек Рамасвами се појави четири пати на телевизијата.

Слични содржини