Санкции за 38 автобуси што вршат превоз на ученици

од Nikola Popovski
81 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (02.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата санкционирани се 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед.

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, порачаа од МВР.

Слични содржини