Марта Стјуарт со 6 правила за кожа која не старее

од Vladimir Zorba
181 прегледи

ДА СЕ биде во осумдесеттите не значи дека треба да го изгубите сјајот и добриот изглед, а Марта Стјуарт е најдобар пример за тоа. 81-годишната претприемачка, писателка и ТВ-лице неодамна објави неколку селфиња, а нејзината блескава кожа никого не остави рамнодушен.

Таа се пофали со својот совршен тен и напиша: „Ова се трите селфија кои ги направив. Изразот ми е најдобар во првото, но кожата изгледа одлично и на сите три. Нема филтри. Без фејслифтинг“.

Стјуарт инсистира дека стареењето не значи дека треба да водиме попасивен начин на живот. Напротив, се движи и на тој начин одржува фантастична линија.

„Се трудам да одам на пилатес колку што можам повеќе пати неделно. Нема да почнам да живеам лошо бидејќи стареам“, вели таа.

Покрај децениската здрава исхрана и вежбање, Стјуарт следи шест едноставни, но ефективни правила за да ја одржи нејзината кожа младешка.

*Таа никогаш не оди да спие без да ја отстрани целата шминка.

*Лицето го мие со бебешко масло, особено по снимањето емисии, кога има многу шминка на нејзиното лице.

*Нанесува маска за лице на кожата секое утро. Се буди околу 5 часот наутро и ја држи на лицето околу еден час.

*Секојдневно консумира зелен сок кој сама го приготвува и верува дека тоа е тајната за здрава кожа и коса.

* Се држи подалеку од сонце и инсистира да носи крема за сончање секој ден. Ја меша со пудра

*Се обидува да ги сведе третманите за лице на минимум. Никогаш немала хемиски пилинг, а тврди дека никогаш не поминала „под нож“.

Слични содржини