Марта Стјуарт откри како се подготвува компирот кој е НАЈПОПУЛАРЕН во нејзиниот ресторан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Марта Стјуарт е позната по многу вкусни и едноставни рецепти. Затоа менито во нејзиниот прв ресторан во Лас Вегас, „The Bedford by Martha Stewart“, е исполнето со работи како пирошките на нејзината мајка, печени компири и „фетучине Алфредо“, но збогатено со состојки кои не ги очекувате, пишува allrecipes.com.

Земете го за пример изглемечениот печен компир на Марта. Тоа е една од најпопуларните ставки на менито на ресторанот. Зошто? Поради техниката што Стјуарт ја користи за да создаде меки текстура, а можеби и поради кремот и сланината одозгора. Но најмногу поради компирот.

Во едно неодамнешно видео на TikTok, Стјуарт ја сподели својата тајна за правење на најпенастиот печен компир – тоа е оној што го користи во нејзиниот ресторан во паришкиот хотел во Лас Вегас и го користи со години, пренесува Today.

@marthastewart Here’s how you can make The Bedford’s infamous smashed potato at home! 🥔 #smashedpotatoes #bakedpotato #foodtok ♬ Nonstop – Instrumental – LivingForce

„Една од причините зошто Bedford во Лас Вегас е популарен е затоа што го имаме овој згмечен компир“, вели таа во видеото.

За да му ја дадете на компирот саканата текстура, Марта Стјуарт советува да направите мал пресек во варениот, „жежок“ компир, потоа да го ставите во кујнска крпа и да го ударате на масата.

„Тоа дробење ги разбива сите влакна и го прави компирот прекрасна, мека креација“, објаснува таа.

Стјуарт со години го користи овој трик за кој вели дека го научила во Мејн.

Меѓутоа, сега не мора ни да патувате во Лас Вегас за да го пробате иконското јадење. Само земете кујнска крпа и го знаете следниот чекор.

Слични содржини