Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола, туку таа се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, K-15, ремонти итн., изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.

Тој додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ му плаќа двесте милиони евра за да може да работи.

-Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут, кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60 отсто од инсталираниот капацитет, а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена, изјави Мицкоски.