Во Италија за време на Велигден и пролет годинава поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи ќе има недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.
Минатата година во Италија се забележани 400 милиони ноќевања на домашни и странски туристи, а годинава се очекува поволниот тренд да продолжи и покрај недостигот на туристички работници, соопшти АНСА.
Тешкотиите во наоѓањето кадар во Италија се забележуваат со години пред пандемијата на корона, но сега тие стануваат посериозни во рестартирањето на туризмот, особено во областа на Ромања, Сицилија и Сардинија.
Претставници на здружението на туристички работници во наредните недели ќе презентираат конкретни регулаторни предлози до министерката за туризам Данијела Сантанка и министерката за труд Марина Елвира Калдероне, објави италијанската агенција.