ЈП „Лајка“ од денеска ќе почне да заловува бездомни кучиња во Скопје, а прва општина од каде ќе почне решавањето на процесот е Аеродром.
-Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 6.март. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување по општини. Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (6-10. март) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов и Населба Лисиче. Втората недела од стратешкото заловување (13-17.март) нашиот тим ќе заловува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, информираат од ЈП „Лајка“.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, од „Лајка“ апелираат да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected].