Зеленски продолжува со измените: Разрешен заменик-шефот на службата за безбедност

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера со претседателски декрети го разреши заменик-шефот на Украинската служба за безбедност (СБУ) Александар Јакушев, раководителите на две одделенија и раководителите на СБУ во два украински региона.

Разрешените функционери се раководителот на Одделот за економска поддршка Олександр Провоторов, раководителот на Одделот за заштита на државни тајни и лиценцирање Ихор Ношко, раководителот на СБУ во Запорожскиот регион Борис Безрукји и раководителот на СБУ во Сумскиот регион Едуард Федоров.

Зеленски веќе назначи нови луѓе на две од петте испразнети позиции, пишува „Киев Индипендент“.

Ова не се први промени во украинската тајна служба од почетокот на руската инвазија, бидејќи првиот човек на СБУ, Иван Баканов, беше сменет во јули минатата година. Украинскиот парламент на 7 февруари го назначи Василиј Малиук за нов шеф.

Слични содржини